Крива Паланка, 6 јули 2019 (Утрински Весник) – Со одлука усвоена на 24-та седница на Советот на општина Крива Паланка, локалната самоуправа од буџетски средства ќе го кофинансира проектот „Цело е кога има се“ кој опфаќа ангажирање невработени лица од општината за образовни асистенти во училиштата од градот.
Одлуката се однесува на согласност за имплементирање и кофинансирање на проектот „Цело е кога има се“ на подрачјето на Општината кој е произлезен од програмата „Општинско корисна работа“ финансиски поддржан од програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а ќе се спроведува во двете основни училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ на територија на Крива Паланка.
Средствата за имплементација на Проектот „Цело е кога има се“ ќе бидат обезбедени од УНДП, а Општината се обврзува да учествува со 300.000 денари од сопствениот буџет. ид/мс/