Утрински Весник
Македонија

Општина Крива Паланка доби ровокопач

Општина Крива Паланка доби ровокопач

Крива Паланка, 12 јуни 2019 (/) – Општина Крива Паланка доби ровокопач набавен со средства од проектот за подобрување на општински услуги што го спроведува Министерството за финансии.

-Крива Паланка е една од триесетте општини, која доби механизација преку проектот за подобрување на општински услуги „МСИП“ на Министерството за финансии. Станува збор за ровокопач кој Општина Крива Паланка заедно ќе го користи со општините Ранковце и Кратово. Механизацијата ќе придонесе за подобрување на условите за живот за граѓаните на повисоките места, како и во руралните општини, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

Со овој вид градежна механизација ќе се овозможи непречено извршување на општинските услуги: расчистување патишта во различни временски услови, редовно чистење канали и регулации на речни корита, превенција на поплави и сл. ид/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ од Брисел: Имаме напредок и добро ниво подготвеност во Поглавје 23, сега треба да забрзаме со реформите

Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија

Петровска – Танер: Стабилноста, безбедноста и просперитетот на Западен Балкан се суштински за безбедноста на Европа