Утрински Весник
Македонија

Општина Кичево доби средства за три нови проекти за рурален развој

Општина Кичево доби средства за три нови проекти за рурален развој

Кичево, 13 јуни 2019 (/) – Со потпишување на договор со Агенцијата за рурален развој, Општина Кичево официјално доби 22 милиони денари, наменети за три проекти за риралниот дел на општината.

Како што не информира Лирим Садику, со овие средства е предвидено да се градат три инфраструктурни проекти наменети за риралниот дел на општината, односно патот што ги поврзува селата Бачишта и Грешница, пат во должина од 6,5 километри до селото Рештани и целосната реконструкција на патот до селото Јагол.

Со договорот е предвидено во целост трите инфраструктурни проекти да се финансираат од Агенцијата за рурален развој на нашата земја.

Договорот го потпишаа заменик-директорот на Агенцијата за рурален развој Абдулселам Селими и градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари. рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом