Скопје, 11 јуни 2019 (/) – Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели еднократна парична награда за најдобрите просветни работници од општинските основни училишта, воспитувачите и негувателите од јавните детски градинки. Со еднократна парична награда ќе бидат наградени и најталентираните ученици, ученици спортисти од основните училишта кои во тековната учебна 2018/2019 година постигнале врвни резултати.
– Беа разгледани вкупно 36 пристигнати апликации за избор на најдобри наставници и стручни соработници, 79 пристигнати апликации за избор на најдобар воспитувач и негувател, 112 пристигнати апликации за избор на талентирани ученици спортисти и 123 пристигнати апликации за избор на талентирани ученици од областа на науката, уметноста и културата. По завршувањето на бодовната евалуација, ќе биде направен изборот , а резултатите ќе бидат објавени на општинаската веб-страница, соопшти општина Кисела Вода.
Пристигнатите апликации ги разгледуваат комисии формирани со решение од градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски. мд/аа/