Утрински Весник
Македонија

Општина Карпош доби ново зелено катче

Општина Карпош доби ново зелено катче

Скопје, 7 јуни 2019 (/) – Левата страна (коцка) на влезот на ТЦ „Лептокарија“ во општина Карпош ќе добие нов лик. Во текот на летниот период ќе почне хортикултурно разубавување, а дополнително ќе се постават и нови реквизити за најмладите: лулашки, тобогани, клацкалки и клупи. Овој дел ќе прерасне во нов т.н. Green Corner, кој ќе биде отворен за сите посетители и минувачи од овој дел на општината.

– Имајќи предвид дека ТЦ „Лептокарија“ е една од најпосетуваните локации во летниот период, со ова ново, зелено катче ќе се постигне дополнителна хуманизација на јавниот простор кој ќе го користат најмладите и нивните родители, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Од таму информираат дека уредувањето на овој простор е донација од меѓународната финансиска компанија „Credissimo“, која ќе ја покаже својата општествена одговорност кон локалната заедница и кон жителите на Карпош.

– Се радуваме што ќе имаме можност да придонесеме за подобрување на животната средина за жителите на општина Карпош и што ни укажаа шанса токму тука да го реализираме првиот проект од долгорочната стратегија за корпоративна и општествена одговорност на нашата компанија, рече директорот на интернационалниот бизнис-развој на „Credissimo“, Георги Руков.

„Credissimo“ е „зелена“ компанија, која работи онлајн со автоматизирани процеси. Избегнува ресури кои ја загадуваат околина како хартиени материјали, струја за канцеларии и службени автомобили. фф/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“