Утрински Весник
Македонија

Општина Кавадарци донираше две возила за полицијата 

Општина Кавадарци донираше две возила за полицијата 

Кавадарци, 29 јуни 2019 (/) – На иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, општина Кавадарци заедно со бизнис секторот, донираше две возила „шкода рапид” за полицијата. Ова е е втора  донација, а лани беше донирано интервентно возило комбе.

-Во Кавадарци се намалуваат кривичните дела и проблемите од јавна безбедност, истакна Јанчев.

Во работна посета на полициската станица денеска беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој рече дека во квадаречкиот регион се бележи намалување на криминалот за разлика од претходната година.

-На подрачјето  на Секторот за внатрешни работи Велес, во чии рамки е и кавадаречката полициска станица, за одбележување е што криминалитетот бележи опаѓање, за разлика од 2018 година. Таа беше една од подобрите во последните пет години, но во 2019 имаме дополнително  намалување на криминалитетот. Исто така имаме зголемување на ефикасноста во работењето. Сето тоа ни дава уште поголем мотив, сите заедно да работиме кон унапредување на безбедноста, нагласи министерот Спасовски.

Тој ги посети и општините Градско и Демир Капија. Во сите овие општини имаше средби со полициски службеници, локалните совети за превенција и со градоначалниците.

свд

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом