Утрински Весник
Македонија

Општина Зрновци обезбеди над 18 милиони денари за инфраструктурни инвестиции

Општина Зрновци обезбеди над 18 милиони денари за инфраструктурни инвестиции

Кочани, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Локалната самоуправа на Зрновци обезбеди над 18 милиони денари за реализацијата на неколку инфраструктурни објекти во трите населени места во општината.

По изборот и потпишувањето на договорот со изведувачот наскоро ќе почнат градежните работи за реконструкција на Домот на културата во селото Видовиште, како и за асфалтирање на улица од 500 метри во центарот на селото Мородвис. Средства се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а општината со сопствено учество ќе работи на доуредување на околината на објектите.

– Со грантот од УНДП и наше кофинансирање во завршна фаза е сообраќајното преуредување на влезот на Зрновци, за што се инвестираа 2,6 милиони денари со кои се прошири патот, се изградија пешачка патека и нов бетонски канал, а ќе биде поставено јавно осветлување и друга комунална опрема. Исто така, потпишан е Договор со изведувачот на работите за изградба на етно куќата во Зрновци, која заедно со еко паркот ќе чини околу 3,5 милиони денари, што ги добивме од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, истакна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Реализацијата на тековните инфраструктурни инвестиции во Зрновци треба да заврши до крајот на октомври, а паралелно со нив во општината се подготвува и третата фаза за изградба на пристапна улица и паркинг за постојниот етно парк. та/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава