Утрински Весник
Македонија

Општина Демир Хисар со нови возила за превоз на ученици

Општина Демир Хисар со нови возила за превоз на ученици

Демир Хисар, 10 јуни 2019 (/) – Општина Демир Хисар обезбеди нови возила за превоз на ученици, минибуси кои ќе се користат во новата учебна година.

Од Општина Демир Хисар информираат дека возилата чија вредност изнесува над 13 милиони денари се набавени во рамки на проектот за подобрување на општински услуги кој во целост го решава досегашниот проблем за превоз на учениците од основното и средното образование во таа општина.

-Во овој релативно краток период реализиравме поголеми и покрупни проекти и инвестици. Се што правиме е со активно учество со граѓаните. Нашата цел е да бидеме услужна и сервисна општина на сите граѓани и затоа ќе продолжиме поефикасно и поквалитетно да менаџираме со народните пари, рече меѓудругото градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, на презентацијата на новата инвестиција во тамошната локална самоуправа.

Новите минибуси се од марката Мерцедес со капацитет од по 25 седишта по возило. мт/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Се гасне пожарот кај Смилковското езеро

Невреме најавено за утре – пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град

Албанската опозиција за измените во Кривичниот законик: Злоупотребено е европското знаменце