Утрински Весник
Македонија

Општина Делчево ги доби решенија за старт на изградба на инфраструктурата во населбата Басарица

Општина Делчево ги доби решенија за старт на изградба на инфраструктурата во населбата Басарица

Делчево, 20 јуни 2019 (/) – Општина Делчево ги доби решенијата од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со кои се одобрува финансиска поддршка, за реализација на два капитални проекти во населбите Басарица и Полето.

Станува збор за проекти во вредност од над 30 милиони денари, средства кои ќе бидат наменети за изградба на патна инфраструктура во населбата Басарица, како и канализација во населбата Басарица и Полето.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на денешната прес-конференција, го потенцираше значењето на реализацијата на овие инфраструктурни проекти.

– Населбата Басарица иако повеќе од две децении е урбанизирана, досега немаше изградено патна инфраструктура. Сведоци бевме дека долго време жителите на оваа населба газеа кал и живееја во прашина, а со реализацијата на овој проект, конечно, оваа населба ќе наликува на една урбана средина. Како градоначалник кој сака да ги решава проблемите ја изработивме и првата техничка документација со која во оваа населба предвидена е и изградба на шест улици во должина од еден километар, како и канализациска линија во должина од два километри која поминува низ дел од населбата Басарица и оди за село Полето, истакна Трајковски.

Додаде дека вредноста за изградба на патната инфраструктура и канализацијата е над 25 милиони денари.

Во рамките на проектот аплициран по мерката 322 за инвестиции за изградба или реконструкција на улици во руралните средства, предвидена е изградба на шест улици во населбата Басарица меѓу кои улиците „Св.Троица, „Киселичка“, „Бигланска“,„Драмечка“, „Басаричка“ и „Селничка“. Вториот проект аплициран по мерката 321, се однесува на изградба на четири крака на канализациски системи во населбата Басарица и Полето, во должина од 2.000 метри.

Трајковски истакна дека тендерот за реализација на инфраструктурните проекти во населбата Басарица и Полето, ќе биде објавен во текот на овој месец, а се очекува градежните работи да започнат во август. вс/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза

Петровска: Ја повикувам Комисијата за одбрана одблиску да го следи спроведувањето на огласот за прием на професионални војници