Утрински Весник
Македонија

Општина Гевгелија ќе го гради патот до манастирот во Давидово

Општина Гевгелија ќе го гради патот до манастирот во Давидово

Гевгелија, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој општина Гевгелија ќе добие околу 10,7 милиони денари за изградба на локалниот пат од селото Давидово до манастирот Свети Илија, потврдија денеска од општината.

Од надлежната служба соопштија дека врз основа на изработената проектна документација која беше нарачана од страна на месната заедница, веќе започна и постапката за јавна набавка за изградба на патот.

– Патот од селските гробишта во Давидово до манастирот Свети Илија е долг 767 метри. За негова комплетна реализација аплициравме за средста преку мерката на АФПЗР за зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини од каде ни беа одобрени потребните пари за реализација на проектот, велат од општината.

Месната заедница од поодамна имаше покренато иницијатива за изградба на локалниот пат кој има посебно значење за жителите на Давидово. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

(Видео) Адвокатот на Јовев: Причината за смената се исплатени дежурства од 2022 година без потпис од министерот што е навреда на здравиот разум

СДСМ со граѓаните во Центар и Сарај: Со изградбата на коридорите најмалку 600 милиони евра за домашните комапнии