Утрински Весник
Македонија

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти градоначалникот Сашо Јанкоски.

Според него, овој чин не соодејствува со ставот на Општината и најголемиот процент на нејзиното население.

„Напротив, Вевчани е меѓу првите општини во Македонија збратимено со градчето Мелник, општина Сандански, како членови на Асоцијацијата на карневалските градови кои негуваат слични традиции. Општина Вевчани и Вевчанци и во минатото веднаш ги осудувало палењата и на знамиња и на други држави и упорно стоиме на ваквиот став и во иднина ѝ сметаме дека ваквиот чин на изразување револт е недопустлив макар и за најирационалниот, најстариот и најавтентично сочуван пагански карневал во светот како што е опишуван Вевчанскиот карневал низ годините од речиси сите светските медиуми“, вели Јанковски.

Се надеваме дека, додава тој, овој несреќен чин и ирационален чин нема да фрли дамка на меѓусоседските односи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани