Утрински Весник
Македонија

Општина Василево обезбеди средства за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура

Општина Василево обезбеди средства за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура

Струмица, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Со околу 40 милиони денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), општина Василево ќе ја подобрува локалната патна инфраструктура преку реконструкција на постојните и асфалтирање нови патишта.

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев истакна дека договорите со АФПЗРР се потпишани и на ред е распишувањето на тендерите за избор на градежни компании што ќе ги спроведат планираните активности.

– Договорите се потпишани и веќе пристапуваме кон постапката за реализација. Станува збор за проекти кои беа на барање на нашите граѓани за кои постоиме како општина. Со реализација на овие три проекти значително ќе ги подобриме условите за поврзување, безбедноста на учесниците во сообраќајот, но и економскиот развој на нашите села, што е главен приоритет, нагласи Јанев.

Од општината информираат дека ќе се асфалтираат дел од локалниот пат меѓу селта Чанаклија-Нова Маала во должина од 1.700 метри, со што овој патен правец, чија вкупна должина е околу 4.000 метри, ќе биде комплетно завршен. Со реконструкција ќе бидат опфатени локалниот пат Владевци-Сушево, чија должина изнесува околу 1.900 метри, како и улицата во Василево од поштата до црквата, која освен нов асфалтен слој ќе добие и атмосферска канализација, тротоари од двете страни и ново улично осветлување. рт/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза