Утрински Весник
Македонија

Општината чисти отпад и диви депонии на неколку локации во Струга

Општината чисти отпад и диви депонии на неколку локации во Струга

Јавното комунално претпријатие – Струга продолжи со акцијата за чистење на неправилно одложениот отпад во повеќе населени места на територијата на Општина Струга.

Сe започна со расчистување и отстранување на комуналниот отпад од дивата депонија помеѓу Џамијата и зградата на улица „Партизанска“.

Од дирекцијата на комуналното претпријатие апелираат до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежен шут да не го депонираат на места кои не се одредени за таа намена.

Се пристапи и кон чистење на расфрланиот смет околу садовите за одлагање на комуналниот отпад поставени на различни локации низ градот Струга.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници, Горан Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Силно невреме доаѓа во Македонија!