Утрински Весник
Спорт

Озил и неговата вереница ќе израдуваат 1.000 деца од целиот свет

Озил и неговата вереница ќе израдуваат 1.000 деца од целиот свет

Истанбул, 7 јуни 2019 (/) – Тоа може и да е нивниот голем ден, но Месут Озил и неговата идна сопруга Амине Ѓулше, ќе ја одбележат својата свадба со многу мил гест. Двојката одлучи да им помогне на многу деца од целиот свет.

Фудбалерот на Арсенал и неговата веренциа ќе платат операции за 1.000 деца.

Месут Озил и Амине ги предупредиле гостите за својот посебен ден да се откажат од традиционалните подароци и молат тие да ги дадат парите за добротворни цели, за деца од различни земји.

Во 2014 година полудефанзивецот на Арсенал ја подари својата премија од Светското првенство во износ од 240 илјади фунти за да плати операција на 23 бразилски деца.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Браќата Вилијамс го кренаа Билбао на третото место

Олимпик Марсеј на врвот на француската лига

Мусијала ги инспирираше Баерн за прекинување на лошата серија