Утрински Весник
Македонија

Од утре трето теренско прскање против комарци во општина Гевгелија

Од утре трето теренско прскање против комарци во општина Гевгелија

Гевгелија,16 јуни 2019 (/) – Општина Гевгелија најави дека од утре до среда на подрачјето на целата општина ќе биде извршено третото теренско прскање против комарци во соработка со Регионалниот центар за јавно здравје.

– На критичните места на територија на општината, од крајот на март до средината на април, беа извршени две ларвицидни прскања против комарци на површина од 10 хектари крај вода и водени пространства кои дадоа одлични резултати, информираат од општината.

Третото теренско прскање ќе се врши во вечерните и раните утрински часови, поточно во периодот од 23 до 05 часот наутро поради што се предупредуваат пчеларите да преземат мерки за заштита на пчелните семејства.

Од општината најавуваат дека ќе следуваат и неколку авионски прскања против комарци кои годинава општината ќе ги организира самостојно, затоа што ефектите од заедничкото прскање со општините од југоистокот биле многу слаби на територијата на општина Гевгелија. им/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8