Утрински Весник
Македонија

Од утре забрана за сообраќај Берово-граничен премин Клепало

Од утре забрана за сообраќај Берово-граничен премин Клепало

Берово, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Од утре повторно се воведува забрана за сообраќај на моторни возила на патниот правец Берово-граничен премин Клепало, поради градежни активности, информираат од Општината.

-Сакаме да ги информираме граѓаните и туристите кои престојуваат во нашата општина, дека поради асфалтирање на патот, Берово-граничен премин Клепало, од утре 10 јули, во периодот од 10 до 16 часот, патниот правец ќе биде забранет за сообраќај, за сите видови моторни возила. Заради квалитетно извршување на работите апелираме до граѓаните и туристите за стрпливост и воздржаност за време додека трае асфалтирањето, соопштија од Општината.

Оттаму најавија, дека граѓаните дополнително ќе бидат информирани кога ќе биде укината забраната за сообраќај на споменатата делница.

Отворањето на граничниот премин Клепало, во голема мера зависи од споменатите активности на овој патен правец, а со негова изградба, Република Северна Македонија ќе добие уште еден граничен премин, а Берово ќе биде поблиску до Европската Унија. Средствата за реализација на овој значаен зафат се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта. вс/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8