Утрински Весник
Македонија

Од Скопје стартува летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“

Од Скопје стартува летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“

Скопје, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“ стартува во недела со петкилометарска трка во Скопје, по што следуваат трките во Дојран на 14 јули, Претор на 21 јули, Маврово на 28 јули и завршната трка во Охрид на 3 август.

Првите три трки се на пет километри, а потоа се трча полумаратон во Маврово и трка на десет километри на финалниот натпревар во Охрид.

Серијата трки на плажа се во организација на здружението „Прв до врв“ во рамки на платвормата „Ја трчаме Македонија“ и во нив може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка.

Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број на бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање за оваа година.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд во вредност од 60.000 денари. На секоја од трките, првите три места во машка и женска конкуренција освојуваат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, информираат организаторите.

Пријавувањето за учество во Beach Run 2019 е преку веб страната на www.prvdovrv.mk.

Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започна пријавувањето за традиционалната Дедомразовска трка на Скопје

СДСМ: Хаос во Скопје, граѓаните трпат огромна штета поради неспособното ВМРО-ДПМНЕ

Во Германија запленети 2.100 лажни часовници, наменети за македонскиот пазар