Утрински Весник
Македонија

Од попладне нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и грмежи

Од попладне нестабилно време, на повеќе места пороен дожд и грмежи

Скопје, 23 јуни 2019 (/) – Од денеска и во наредните денови во попладневните часови времето ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 35 степени. Во Скопје и околината минималната температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 34 степени.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Утре и во средината на неделата ќе дува повремено засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од утре.

Во следниот период дневните температури ќе опаднат, па утре само некаде ќе надминат над 30 степени. Кон крајот на работната недела не очекува постабилно и повторно топло време. рп/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза