Утрински Весник
Македонија

Од денеска почнува со работа отворениот градски базен во Куманово

Од денеска почнува со работа отворениот градски базен во Куманово

Куманово, 12 јуни 2019 (/) – Почнува со работа отворениот градски базен во Куманово, информираа надлежните. Граѓаните ќе можат да го користат секој ден од 10 до 18 часот. Цената за еден ден е иста како и претходните години, 75 денари за деца и 150 денари за возрасни, над 14 години.

– Сакам да ја искористам можноста и да ги повикам сите, најмладите да го посетат базенот, да се разладат, да уживаат. За капачите има можност да се освежат со пијалоци и со храна на базенот, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

И оваа година има спасувачи, редари кои ќе се грижат за безбедноста на капачите.

Паралелно ќе работи и затворениот градски базен со веќе утврдените цени и можност за набавка на неделна и месечна карта. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати

СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери – Мицкоски изолиран со Апасиев

228 казнети возачи во Скопје