Утрински Весник
Македонија

Од денеска отворени игралиштата за одбојка и ракомет на песок

Од денеска отворени игралиштата за одбојка и ракомет на песок

Скопје, 7 јуни 2019 (/) – Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Кејот на реката Вардар (од страната на Луна паркот) од денеска почнуваат со работа.

Од прес-службата на Град Скопје соопштуваат дека сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, спортски клубови, здруженија на граѓани и сл., можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на игралиштата на песок.

– Горенаведените спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот. Закажувањето може да се врши на следниов телефонски број: 072/808-200, во периодот од 10 до 24 часот секој ден, или на самото игралиште во горенаведениот период, се наведува во соопштението.

Од Град Скопје наведуваат дека терминот за бесплатно користење е со времетраење од 1 час. фф/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“