Утрински Весник
Спорт

Од Барса признаа: Нејмар сака назад на „Камп Ноу“

Од Барса признаа: Нејмар сака назад на „Камп Ноу“

Барселона, 27 јуни 2019 (/) – Потпретседателот на Барселона, Жорди Кардонер потврди дека бразилската ѕвезда на Пари Сен Жермен – Нејмар, сака да се врати на „Камп Ноу“.

Дваесет и седум годишниот напаѓач го напушти шпанскиот шампион во 2017-та година за рекордни 222 милиони евра во насока француската престолнина. Нејмар е поврзуван со враќање во Каталонија веќе неколку недели, а еден од шефовите кај Каталонците потврди пред медиумите дека Бразилецот сака да заигра повторно во Барса.

– Правилно е да се каже дека Нејмар сака да се врати во Барселона. Сепак, не се согласувам дека Барселона треба да биде загрижена за овој договор. Прашањата се на маса. Има многу лажни тврдења дека веќе сме потпишале со него, остануваме во контакт. Самиот Нејмар, како и многу други, сака повторно да игра во Барселона. Ова нема да биде преседан, бидејќи Цеск Фабрегас и Жерар Пике го сторија истото. Ги разбирам играчите кои сакаат да играат во Барселона, каде што играат најдобрите во овој спорт. Секој може да дојде кај нас, но мора правилно да го балансираме нашиот буџет“, изјави Кардонер за „Мундо Депортиво“.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Атлетико Мадрид оди на продажба

Пирло пред отказ во Караѓумрук

Жозе Мурињо и Рома ќе ја продолжат љубовта до 2026 година