Утрински Весник
Македонија

Одредена локацијата за лошо паркираните возила низ штипските улици

Одредена локацијата за лошо паркираните возила низ штипските улици

Штип, 7 јули 2019 (Утрински Весник) – Штипскиот пајак за еден месец ќе почне да ги собира погрешно паркираните возила низ градот. Секретарот на Општина Штип, Соња Китанова појаснува дека од нивна страна веќе е и одредена локацијата „Стари Бунари“, каде што ќе се одложуваат возилата, кои ќе ги собира пајакот. На оваа локацијата има обезбедено вкупно 15 паркинг места.

– Се планира со почнување на пајак службата секое возило, кое ќе се подигне треба да се носи на затворен паркинг простор, кое ќе има влез и излез. Просторот се наоѓа кај „Старите Бунари“. Тој простор ќе го користи ЈП „Стипион“, вели Китанова.

Директорот на ЈП „Стипион“, Сашко Протогеров забележа дека како претпријатие, кое е надлежно за наплатата на паркинг местата во централното градско подрачје им останува уште неполн месец  да ги завршат формалностите  и пајак возилото да биде ставено во функција

– Треба да ги обезбедиме сите сертификати за возилата и за луѓето кои ќе го опслужуваат паркинг просторот. Планирано е да започне за еден месец, рече Протогеров.

Пајак службата за локалните власти е едно од решенијата за проблемот со паркирање на возилата во централното градско подрачје. Локалната власт размислува за изградба на уште една паркинг платформа на коритото на Отиња што ќе биде лоцирана над судската зграда. Општина Штип пајак возилото го доби како донација од градот Скопје. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра