Утрински Весник
Спорт

Одегард следната сезона ќе игра во Реал Сосиедад

Одегард следната сезона ќе игра во Реал Сосиедад

Мадрид, 5 јули 2019 (Утрински Весник) – Фудбалерот на Реал Мадрид Мартин Одегард му е позајмен на Реал Сосиедад.

Само што се врати од Витезе, каде, исто така, беше позајмен од кралскиот клуб, денеска од управата на клубот официјално потврдија дека Норвежанецот ќе му биде позајмен на Сосиедад на една година, поточно до летото 2020 година.

Одегард минатата сезона играше одлично во дресот на холандскиот Витезе, каде што на 39 натпревари постигна 11 голови.

Кога кралскиот клуб го донесе од Норвешка, младиот Одегард беше една од најголемите ѕвезди и му предвидуваа голема кариера, но следните неколку сезони не успеа да се наметне во првата постава на Реал. ем/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око

ФИФА поведе постапка против Србија за дискриминација и недолично однесување на дуелот со Швајцарија