Утрински Весник
Бизнис

Одбиено ќе биде барањето на „ЕУРОМАКС Рисорсис“, не ги исполнува условите за експлоатација на „Иловица“

Ќе се преиспита исполнувањето на правната основа за Иловица

Скопје, 4 јули 2019 (/) – „ЕУРОМАКС Рисорсис“ ДОО Скопје не ги исполнува условите за експлоатација на „Иловица“, поради што ќе и биде одбиено барањето за добивање дозвола, соопшти Владата.

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со „ЕУРОМАКС Рисорсис“.

Одлуката за неисполнување на условите, денеска на владина седница ја соопшти и образложи Министерството за економија.

-Министерството за економија на денешната седница на Владата информираше дека се исполнети законските услови за донесување решение за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Рисорсис ДОО Скопје. Во информацијата што денеска ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање дозвола за експлоатација, наведува владината прес-служба. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Вонредна прес-конференција на Ковачевски: Парно ќе има, училиштата ќе бидат на регулираниот пазар

И поглаварот на МПЦ повика на штедење на електричната енергија

Андонов: Ако не се постигне договор со „Адора“ за топланите, решението ќе се бара во Законот за управување со кризи