Утрински Весник
Македонија

Одбележан празникот Свети Наум Охридски Чудотворец во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка

Одбележан празникот Свети Наум Охридски Чудотворец во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка

Тетово, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Со света боженствена литрургија со која чиноначалствуваше Митрополитот на Тетовско – Гостиварската епархија г. Јосиф, беше одбележан празникот Свети Наум Охридски Чудотворец во истоимениот манастирски комплекс на Попова Шапка.

Владиката пред верниците посочи дека и во времето на живеењето на светецот и сега народот се соочувал со слични предизвици кои исто така може да се надминат со ширење на евангелски морални принципи.

– Ако го резимираме животот на светиот Наум слободно можеме да кажеме дека неговиот живот е служење на Бога и служење на луѓето. Како голем молитвеник, тој не само што се молел пред Бога за човечките незнаења, туку како просветител се трудел да ги научи луѓето на евангелските морални принципи, бидејќи знаел дека многу гревови извираат од човечките незнаења. И тогаш како и денес, најголем проблем и извор на злото било незнаењето, кое води до помраченост на умот. Последиците од помраченоста на умот се големи и погубни и за нашето општество. Тие започнуваат од неправилен начин на живеење, па водат се до воведување нови и туѓи надметнати „вредности“ под слоганот на таканаречената демократија и дискриминација. Жално е денес што после толку векови, ние како народ како се почесто и почесто да ги забораваме советите од нашите учители и просветители, на оние, кои токму од овде, од нашата првопросветлена земја од страна на апостолот Павле, преведувајќи го Евангелието на словенски јазик како семе го посеале низ тогашните европски престолнини и ги просветлиле нехристијанските народи, осветлувајќи го паганизмот со евангелските добродетели, просветлувајќи ги непросветлените и сите, а особено тријазичниците – учејќи ги на христијанската љубов, која секогаш ни е најпотребна на сите нас, истакна владиката Јосиф.

Црковното празнување продолжи со прережување на славските колачи со кои се одредија кумови за прославата во 2020 година. За сите присутни на црковно народниот собир во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка беше приреден празничничен ручек кој го благослови Митрополитот Јосиф. ас/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Притвор за кавадарчанка која го свирепо го убила својот партнер

Театар во Град Скопје: Арсовска тераше инат со Славески и не се тргаше од говорницата

Алијанса за Албанците со предлози за ублажување на енергетската криза