Утрински Весник
Македонија

Одбележани 76 години од стрелањето на ваташките младинци 

Одбележани 76 години од стрелањето на ваташките младинци 

Кавадарци, 16 јуни 2019 (/) – Седумдесет и шест години од стрелањето на ваташките младинци беа одбележани денеска во месноста Моклиште, Кавадаречко.

– Во долгата и тешка историја на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето и долга низа години ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Настан кој никогаш не може да биде избришан од меморијата на народот од овој крај, е и масакрот на 12 младинци од селото Ваташа, рече Марија Михова, кустос историчар при Музеј галерија Кавадарци.

Таа потсети дека Ваташа во текот на својата бурна историја даде плејада на револуционери и борци за слобода во времето на Народноослободителната војна и Револуцијата, од 1941 до 1945 година. свд/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“