Утрински Весник
Македонија

Ограбен конакот во во комплескот Св. Илија во Долно Јеловце

Ограбен конакот во во комплескот Св. Илија во Долно Јеловце

Гостивар, 10 јуни 2019 (/) – Непознати сторители извршиле тешка кражба тешка кражба во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во гостиварско Долно Јеловце.

Од СВР Тетово информираат дека кражбата се случила минатата недела, а била пријавена вчера.

Крадците, откако насилно ја отвориле влезната врата од угостителскиот објект „Конак“ што е дел од комплексот, одзеле телевизор, угостителска опрема и други предмети. Од кутијата за доброволни прилози од верниците, поставена во непосредна близина одземени се и парични средства.

Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите.згм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

150 казни за брзо возење

Вработен во Пошта уништил архивски материјал, против него е поднесена кривична пријава

Приведени разбојници во Скопје, следува кривична пријава