Утрински Весник
Бизнис

Објавен тендер за консултантски услуги за консолидација на земјиште

Објавен тендер за консултантски услуги за консолидација на земјиште

Скопје, 4 јули 2019 (/) – Објавен е јавен тендер за извршување консултантски услуги за консолидација на земјиште во Северна Македонија, втора и трета фаза – „Планирање на распределба на земјиште и дизајн на интервенции во земјоделска инфраструктура во Соколарци, Спанчево, Оптичари и Логоварди“.

Тендерот е во рамки на проектот финансиран од Европската унија „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“ (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Како што информира ФАО, врз основа на резултатите од физибилити студиите неодамна спроведени во овие четири консолидациски подрачја, тендерираните услуги што ќе треба да се спороведат во рамки на оваа нова проектна фаза вклучуваат: проценка на вредноста на земјиштето, технички дизајн на земјоделската инфраструктура во согласност со Законот за консолидација на земјоделско земјиште и друга релевантна легислатива, подготовка на планови за распределба преку процес на партиципативно преговарање со сопствениците и корисниците на земјиште, изработка на геодетски истражувања, обележување на границите на новите земјишни парцели во проектното консолидационо подрачје.

Геодетските компании кои се заинтересирани да учествуваат треба да бидат регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

Со цел да имаат пристап до тендерските документи и да можат да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на Обединети Нации за глобален пазар – United Nations Global Marketplace portal (УНГМ-UNGM) на: https://www.ungm.org/Vendor/Registration бидејќи само регистрираните компании ќе имаат право да учествуваат. По успешна регистрација компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал (https://www.ungm.org/Account/Account/Login).

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е петти август, понеделник до 8:30 часот по централно европско време. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ŠKODA е на врвот на „Auto Trophy 2022“ со пет победи

Ќе се исклучува струја на сите неплаќачи, на списокот болници, затвори, факултети

Бектеши и Ковачевски: Ги преземаме сите мерки да нема зголемување на цената на струјата