Утрински Весник
Македонија

Објавен огласот за изведувач за три системи за наводнување, во Чаушица, Славишко поле и Колибари

Објавен огласот за изведувач за три системи за наводнување, во Чаушица, Славишко поле и Колибари

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Европската комисија во име на Република Северна Македонија го објави огласот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на три системи за наводнување, во Чаушица, Славишко поле и Колибари. Овие три системи, како што соопшти Министерството за земјоделство, се дел од проектот финансиран од Европската унија за изградба на мали нискотрошковни еколошки прифатливи системи за наводнување.

Областа Чаушица се наоѓа во Југоисточниот регион, на територијата на селото Дрвош, во т.н. Хамзали, во општина Босилово. Изградбата на новиот систем за наводнување во овој регион ќе опфати наводнување на околу 85 хектари земјоделско земјиште над главниот канал Турија.

Системот за наводнување на Славишко Поле се наоѓа во општината Ранковце и од неговата реализација ќе имаат придобвка над 250 земјоделци од селата Псача, Ранковце и Гиновце, со вкупно 1.507 жители. Изградбата на овој систем ќе овозможи наводнување на 200 хектари земјоделска површина.

Системот за наводнување Колибари се наоѓа во југозападниот плански регион, во Општина Кичево, по должината на Зајаска. Изгрдбата на овој систем ќе придонесе за наводнување на 162 хектари обработливо земјоделско земјиште, поделено помеѓу селата Колибари и Црвивци.

Со проектот на ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е предвидена изработка на проектна документација за изградба на осум мали системи за наводнување на неколку локации во државата.

-Овој проект е само дел од целокупната стратегија на Министерството за земјоделство во делот на инвестициите во водостопанската инфраструктура. Капиталните инвестиции во изградба и реконструкција на системи за наводнување и брани беа клучен приоритет изминативе две години, бидејќи наводнувањето е основа за конкурентно земјоделско производство. Започната е реализацијата на крупни капитални проекти како што се браната Конско, Пишица, системите Равен Речица, Хс Лисиче, ХС Злетовица, проектот со ЕУ за мали еколошки системи за наводнување и други, коишто ќе овозможат наводнување на нови 32.500 хектари, наведува МЗШВ. мч/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сончево време со температура до 26 степени

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе достави измени на законот за здруженија

„Чекајќи го следниот состанок“ – Вучиќ и Ковачевски oдмораат на скали