Утрински Весник
Македонија

Објавен конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Објавен конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Охрид, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Општина Охрид распиша конкурс за најдобар расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурсот за расказ“. Авторското право се докажува со четвртиот примерок, а крајниот рок за доставување е 31 јули годинава.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 8 август.

Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари, а ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест секоја година се одржува во неговото родно Велгошти. сс/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин

МНР го осуди говорот на омраза на натпреварот Македонија-Бугарија

50 санкции за недавање првенство на минување