Утрински Весник
Македонија

Обука за улогата на укажувачите во борбата против корупцијата

Форум за антикорупциски реформи

Скопје, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – „Улогата на укажувачите во борбата против корупцијата“, е тема на обуката што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција.

Обуката се организира во рамките на проектот „Зајакнување на укажувачите во Македонија”, финансиски  поддржана од грант на Balkan Trust for Democracy, проект на German Marshall Fund на САД и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, чиј имплементатор е Транспаренси Интернешнл- Македонија.

Целта е да ја подобри состојбата со заштита на правата на укажувачите и промоција на нивната улога во борбата против корупцијата.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“