Утрински Весник
Македонија

Обезбедени средства и за последната делница од патот до Серменин

Обезбедени средства и за последната делница од патот до Серменин

Гевгелија, 24 јуни 2019 (/) – Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и одобри на Општина Гевгелија осум милиони денари за изградба на последната делница од локалниот пат Негорци-Серменин.

Со добиените средства ќе се доизгради последниот еден километар од патот со што конечно завршува неговата целосна изградба и се постигнува целта за подобрување на квалитетот на животот во руралните средини.

-Претходно од АФПЗР на Општина Гевгелија на два пати и беа одобрувани средства за изградба на овој пат, а со последниот грант всушност се обезбедува целосна одржливост на проектот, велат од општината.

По донесеното решение, надлежните служби на Општина Гегелија, врз основа на проектната документација, ќе спроведат постапка за јавна набавка за изградба на последната делница од патот. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Герасимовски: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

(Видео) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието

Грковска – Ќехаја: Ефикасни антикорупциски политики, јакнење на интегритетот и транспарентноста се предизвици за сите земји од регионот