Утрински Весник
Македонија

Обдукцијата ќе го утврди идентитетот и причините за смртта на пронајдениот маж кај браната Турија

Обдукцијата ќе го утврди идентитетот и причините за смртта на пронајдениот маж кај браната Турија

Струмица, 21 јуни 2019 (/) – Вчера во попладневните часови во близина на браната Турија кај Струмица е пронајдено безживотно машко тело, информира портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска.

– Извршен е увид на местото каде е пронајдено телото од страна на екипи на СВР Струмица и ОЈО Струмица и по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Скопје, рече Рендевска.

Додаде дека по добивањето на наодот од обдукцијата ќе има конкретни информации за идентитетот и причините за смртта кај пронајдениот маж. рт/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Пратениците изгласаа продолжување на кризните состојби заради недостиг на електрична и топлинска енергија

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом