Утрински Весник
Македонија

Нухиу и Тимоние на вежба на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи

Нухиу и Тимоние на вежба на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи

Скопје, 4 јули 2019 (Утрински Весник) – Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска присуствуваа на завршната вежба на припадниците на алпинистичкиот тим на Единицата за специјални задачи – Техники на интервенција со употреба на јаже во урбани и природни средини.

Обуката, како дел од билатералната техничка соработка меѓу министерствата за внатрешни работи од двете држави се реализира во периодот од 24 јуни до 5-ти јули 2019 година, како втор модул што го следеа 17 припадници на оваа единица и тоа осум од напредно ниво и девет од основно ниво.

МВР денеска соопшти дека обуката и оваа година, како и минатата, ја реализираат обучувачи од CNEAS – Националниот центар за обука, алпинизам и скијање во Шамони, кој припаѓа на ЦРС службите (Републички компании за безбедност) Жером Дардулија и Алексадар Пулак. За поуспешна реализација на нивните активности, се подвлекува, придонесоа донациите во опрема на Француската амбасада во Скопје, како и донациите на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

ВМРО-ДПМНЕ: И врапчињата веќе знаат дека нема да има уставни измени под бугарски диктат