Утрински Весник
Македонија

Нов профил „графички дизајнер“ во кумановското средно училиште „Перо Наков“

Нов профил „графички дизајнер“ во кумановското средно училиште „Перо Наков“

Куманово, 14 јуни 2019 (/) – Министерството за образование и наука одобри уште еден нов профил, „графички дизајнер“, во средното стручно училиште „Перо Наков“ од Куманово, соопштија денеска надлежните од училиштето.

– Покрај веќе постоечките профили, деветоодделенците на 17 и 18 јуни можат да одберат и да се запишат на „графички дизајнер“ за кој се потребни 45 поени, изјави директорката на училиштето, Мила Жибак.

Новините во средното образование се спроведуваат под слоганот „Биди стручен, биди смел, оставари ја својата цел“.

Ова училиште, како и останатите стручни училишта, нуди насоки согласно реформите кои треба да се воведат во образованието за стручните училишта.

Концептот на профилите, модулите кои ќе ги бира ученикот се креирани во насока на подготовка на учениците, по завршувањето на образованието полесно да се вклопат на пазарот на трудот, објаснуваат надлежните од училиштето.

Во струката економија, право и трговија „Перо Наков“ во паралелките на македонски јазик се нудат профилите „економски техничар“ и „бизнис администратор“, додека во паралелките со албански наставен јазик се нуди и профилот „правен техничар“. Во овие струки ќе се воведат различни модули, сметководство, маркетинг, трговија…

Реформите во образованието, кои треба да почнат од септември, ќе се спроведуваат со нови наставни програми кои се при крај со изработката и на учениците ќе им понудат компентенции и квалификации за полесно снаоѓање на пазарот на трудот.

Во струката текстил, кожа и слични производи, пак се нудат пет профили „техничар за изработка на облека“, за „моделрирање на облека“, за „дизјан на облека“, „техничар за обувки“ и „техничар на моделирање на обувки“. И овие профили ќе понудат нов концепт, појаснуваат надлежните од училиштето.

Во секој профил со реформите се очекува со воведувањето на дуалното стручно образование да се спојат образованието и стопанството и да се обучат кадри кои му се потребни на реалниот сектор.  Учениците во практичната настава ќе стекнат вештини кои ќе бидат од особено значење за нивното идно вработување. Новите струки и профили се подготвени од стручните од образованието, но и од претставници од бизнис заедницата.

Во прва година, согласно објавениот конкурс на Министерството за образование и наука во ова училиште можат да се запишат 714 ученици во паралелки на македонски и албански наставен јазик.ам/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЗНМ: Функционерите мора да одговараат на прашањата на новинарите

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Средба Бочварски – Милков: Ги потврдивме ставовите за завршување на железничкиот Коридор 8