Утрински Весник
Македонија

Нов асфалт за регионалниот пат од Виница до селото Лески

Нов асфалт за регионалниот пат од Виница до селото Лески

Виница, 19 јуни 2019 (/) – Во општина Виница почна реконструкцијата на делницата до селото Лески од регионалниот патен правец кон Зрновци, при што во рамки на првата фаза се обновува асфалтниот слој во должина од околу два километри.

Вкупната инвестиција изнесува 10 милиони денари што локалната самоуправа на Виница ги обезбеди преку Јавното претпријатие за државни патишта, а освен на преасфалтирање на сообраќајкницата, се работи и на проширување на коловозот за да се обезбеди поголема безбедност за учесниците во сообраќајот.

– Во моментот градежната механизација на ЈП „Македонија пат“ е ангажирана на потегот од мостот на Градечка Река до крстосницата меѓу Виница, Лески и Зрновци, а очекуваме реконструкцијата да се комплетира за десетина дена. Со тоа ќе обезбедиме ново сообраќајно поврзување за околу 600 активни жители на селото Лески, кои на обновувањето на патот чекаа неколку децении. Паралелно со реконструкцијата на регионалниот пат, Општина Виница ќе почне изградба и асфалтирање на уште една улица во ова населено место, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Заедно со инвестирањето во сообраќајната инфраструктура, локалната самоуправа наскоро ќе реализира зафат за поврзување на канализациската мрежа на две селски маала во Лески. Исто така, поради долгогодишните проблеми со водоснабдувањето, претстои приклучување на селото кон градскиот водовод, инвестиција вредна 12,3 милиони денари, а парите се обезбедени од Министерството за транспорт и врски и од буџетот на Општина Виница. та/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Маричиќ: Со политичка волја и конкретни чекори од ЕУ, интеграција на регионот е реална

Герасимовски: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата