Утрински Весник
Македонија

Нов асфалт за прилепските улици

Нов асфалт за прилепските улици

Прилеп, 8 јули 2019 (Утрински Весник) – Прилеп продолжува со градежната иницијатива, пред  сѐ, во асфалтирање и обновување на градските улици. По асфалтирањето на улици во населбата Чачорица, се асфалтира на прилепската улица „Петта Прилепска бригада“. Се урбанизира површина од околу 7.500 метри квадратни.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, асфалтирањето на градските улици ко подобрува и го олеснува животот на жителите.

-Во урбаната заедница „Гоце Делчев“ се врши комплетна рехабилитација на улицата „Петта Прилепска бригада“, која се асфалтира во должина од 1.500 метри. Oд денеска оваа урбана заедница ќе прилега на модерна населба каде ќе има непречен проток на сообраќај. Наредниве денови ќе бидат асфалтирани и рехабилитирани прилепските улици „Ѓорѓи  Димитров“, „11-ти Октомври“, а на крај ќе завршиме со асфалтирање на улицата „Стеван Апостолоски“ и со тоа ќе го заокружиме тендерот што го имаме на располагање. Уверувам дека ќе ги асфалтираме сите улици, особено на перифериите од Прилеп, а онаму каде имаме нерешени имотно-правни односи, ќе се залагаме граѓаните да изнајдат решение, рече Јованоски.

Благоја Богоески, задолжен за надзор на градежните работи, опшишувана на колкава површина се работи.

– Работиме на два одделни краци по 750 метри должина и 5 метри ширина, продолжуваме по улицата „Ѓорѓи Димитров“, потоа следува улицата „11-ти Октомври“ со ширина од 6 метри и должина од 450 и улицата „Стеван Апостолоски“ која започнува од улицата „Васко Каранѓелески“ до улицата „Мице Козар“, која беше во навистина лоша состојба и сега е време за нејзино рехабилитирање, објаснува тој Богоески.

Жителите од урбаната заендица „Гоце Делчев“ сметаат дека квалитетот на секојдневиеи ќе  биде на повисоко ниво со урбанизирање на сообраќајниците.

-Како претседател на УЗ „Гоце Делчев“ изразувам голема благодарност за соработката со прилепската локална самоуправа.

-Сега оваа урбана зедница наликува на вистински урбана зедница каде граѓаните ќе може да уживаат во сето она што е реконструирано, доградено и изградено во овој изминат период, а се надевам дека и понатаму со ваков интензитет ќе продолжи соработката со локалната самоуправа, рече Зоран Андреески, претседател на прилепската урбана заедница „Гоце Делчев“.

Според градежната офанзива на прилепските локални власти, доега се асфалтирани пет краци на улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“. ем/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“

Работна средба на министерот Спасовски со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал

Работник повреден во трафостаница во Струмица