Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО

Ново рочиште за случајот „Маџар телеком“ на СЈО

Скопје, 19 јуни 2019 (/) – Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот генерален и поранешниот финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како „Маџар телеком”.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО. Постапката се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија. аа/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран