Утрински Весник
Македонија

Ново зеленило долж булеварот „8 Септември“

Ново зеленило долж булеварот „8 Септември“

Скопје, 15 јули 2019 (Утрински Весник) – Уреден е нов „зелен коридор“ долж булеварот „8 Септември“, на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информираат од општина Карпош, зголемувањето на зеленилото на овој потег го направиле екипите на Град Скопје, кои изминатиов период уредиле повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот.

– Општина Карпош во изминатиот период дополнително ги раззелени и дел од платоата во Карпош како: „Делфина“ во Влае 2, кај фонтаната во Карпош 3, платото на Млечен и Педагошка, наведуваат во соопштението од општината.

Оттаму информираат дека во текот на пролетта биле засадени 287 нови дрвја во Карпош, во различни урбани заедници, а се работи и на зголемување на видовите на механизација за одржување на јавните површини. мс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Ковачевски на маса со европските лидери – Мицкоски изолиран со Апасиев

228 казнети возачи во Скопје

Министерката Петровска на безбедносен форум во Црна Гора – ќе се дискутираат прашања за регионалната безбедност