Утрински Весник
Македонија

Новоименуваната американска амбасадорка Бернс воодушевена од Охрид

Новоименуваната американска амбасадорка Бернс воодушевена од Охрид

Скопје, 14 јули 2019 (Утрински Весник) – Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Бернс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.

Бернс за посетата на Охрид и гастрономските специјалитети кои ги пробала во нашата земја, објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.

– Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата, пишува на твитер профилот на американската амбасада.

Во петокот Бернс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“ и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид. аа/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“