Утрински Весник
Македонија

Новоизградената црква во тетовско Јегуновце ќе се осветува на 14 јули

Новоизградената црква во тетовско Јегуновце ќе се осветува на 14 јули

Тетово, 9 јули 2019 (Утрински Весник) – Црквата „Св. великомаченик Георгиј Победонесец“ во месноста Пештер во тетовското село Јегуновце ќе биде осветена на 14 јули (недела). Чинот на осветување на новоизградената црква ќе го изврши митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со свештеници од тетовското намесништво.

– Црквата е изградена единствено со донации на верниците. Започната е да се гради на 25 јули 2004 година со поставување камен темелник. Во текот на градбата во предвечерието на празникот Ѓурѓовден на 5 мај верниците од овој крај доаѓаат на одбележување на патронот на црквата Свети Георгиј кога се врши мал водосвет и режење на славските колачи, информираат од иницијативнот одбор за градба на црквата.

Месноста Пештер го добила името поради огромната вдлабнатина во карпестиот дел од планината Жеден која личи на пештера, долга и широка околу триесетина метри. Воедно претставува археолошки локалитет т.е. некропола од доцниот среден век во тетовското село Јегуновце. Се наоѓа на околу два километри источно од селото, во подножјето на Жеден кај истоимената месност, на мала височина каде се гледаат гробови градени од камени плочи, со ориентација исток-запад. ас/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“