Утрински Весник
Спорт

Нови лоши вести за Голден стејт: Клеј Томпсон скинал лигаменти

Нови лоши вести за Голден стејт: Клеј Томпсон скинал лигаменти

Оукленд, 14 јуни 2019 (/) – Клеј Томпсон од Голден Стејт скина лигаменти за време на дуелот бр.6 од финалето на НБА, објави „ЕСПН“.

Торонто ги детронира „воините“ и стана шампион за прв пат во својата историја.

Дваесет и девет-годишниот бек беше фаулиран во третиот период од шестиот натпревар помеѓу Голден Стејт и Рапторс, по што го повреди коленото.

Томпсон, кој ја освои титулата на НБА во 2015, 2017 и 2018 година, присилно го напушти теренот, а потоа бил забележан како се движи со патерици.

Голден Стејт не можеше да смета и на Кевин Дурант, кој доби повреда на Ахиловата тетива во петтиот натпревар помеѓу Голден стејт и Торонто. Се очекува Дурант да ја пропушти целата следна сезона во НБА.вз

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Бразил го почнува походот кон трофејот, прва пречка е Јужна Кореја

Стојковиќ: Мене Србија ме поддржува, но на некои сум им трн во око