Утрински Весник
Македонија

Нови контејнери и возило за чистење канализации во Богданци

Нови контејнери и возило за чистење канализации во Богданци

Гевгелија,15 јули 2019(Утрински Весник) – Општина Богданци за потребите на јавното комунално претпријатие „Комунална чистота“ набави нови контејнери и возило за чистење канализации со кои претпријатието ќе ги подобри условите за работа и ефикасноста.

– Набавени се 50 нови пластични контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар, кои ќе ги поставиме на места каде што досега немало садови за собирање комунален отпад од домаќинствата во Богданци и населените места Стојаково, Селемли и Ѓавото, велат надлежните од комуналното претпријатие, посочувајќи дека набавката на контејнерите чини 410.000 денари.

Комуналните работници од Богданци добија и специјално возило за чистењеканализации, за кое општината потроши 1,7 милион денари. Возилото ќе овозможи полесно и многу поефикасно чистење на канализациските цевки под висок притисок. им/ир

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра