Утрински Весник
Македонија

Нови канти и клупи поставени низ Тетово 

Нови канти и клупи поставени низ Тетово 

Тетово, 7 јуни 2019 (/) – Нови 60 канти за отпадоци и 30 клупи за одмор се поставени во текот на денешниот ден низ Тетово, информираат од Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“. Работниците ги монтирале кантите и клупите низ целиот град, со фокус на централното градско подрачје.

– Сите канти и клупи се донација на приватната специјалистичка дијагностичка лабораторија „Авицена“ од Скопје, која има оддел и во Тетово. ЈКП „Тетово“ го поздравува овој потег на компанијата и изразува посебна благодарност на лабораторијата Авицена за соработката. Ние како претпријатие сме отворени за соработка со сите приватни компани со цел за имаме чиста животна средина, соопштија од ЈКП „Тетово“.

Од комуналното претијатие информираат и дека во изминатите денови по изградбата на кружен тек во населбата Горна чаршија во Тетово извршиле соодветно уредување со чистење, полнење со нова земја и израмнување на површината. ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Митева: МОН платило пола милион евра за еднократна употреба на скрипти, кој профитира, а кој губи од двојно плаќање за иста работа?

Приведен прилепчанец, украл трактор кој подоцна му бил вратен на сопственикот

Приведен битолчанец, кај него биле пронајдени 14 пакувања хероин