Утрински Весник
Македонија

Нова зграда во Неготино за 62 социјално ранливи семејства

Нова зграда во Неготино за 62 социјално ранливи семејства

Неготино, 12 јули 2019 (Утрински Весник)  –  Во Неготино денеска почнаа градежни работи за нова социјална зграда во која ќе има 62 станови за социјално ранливи категории граѓани.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески нагласи дека Владата е силно фокусирана во изградба на социјални згради и решавањето на проблемите на социјално ранливите категории.

-Во изминатиот период заедно со директорот на Јавното претпријатие за станбен и деловен пристор ја посетивме општина Пробиштип каде исто така започна градбата на социјална зграда со 48 станови. Зградата во Неготино ќе има 62 стана и ќе помогне во решавањето на станбеното прашање на социјално загрозени семејства, рече  Сугарески.

  • Тој додаде дека во текот на оваа година се планира да стартуваат градежните работи за социјални станови во Гевгелија, Пехчево, Свети Николе, Велес, Виница, а во Бутел во Скопје се планирани околу 312 станови.   – Во наредниот период колку што можеме ќе обезбедиме кров на глава на семејства од различни општини. Сакам да нагласам дека покрај тоа што го правиме со јавните претпријатија во патната, железничката и комуналната инфраструктура, особено ни е важна и изградбата на социјални станови, посочи Сугарески.
  • Генералниот директор  на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски соопшти дека рокот за изградба е 18 месеци, но можно е да се заврши и порано и станови да добијат сите оние кои ги исполнуваат критериумите за тоа. – Остануваме силно посветени на изградбата на сите станови кои ги најавивме. Следува интензивен период. Продолжуваме со зградата во Бутел, Виница и Свети Николе во текот на август, а од ноември уште пет згради ќе почнат да се градат во Дебар, Велес, Гевгелија, најави Трајковски.

  • Со претходните две и најавените осум, до крај на годинава треба да се заокружи проектот Ф/П 1674, за станови за социјално ранливи категории.
  • Неготинскиот градоначалник, Тони Делков нагласи дека во Неготино првпат се гради социјална зграда.  – Општината останува посветена на решавање и на сите други проблеми кои се од социјален карактер, рече Делков.свд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

124 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Маја Морачанин повторно избрана за претседател на ДОМ

Утре наутро блокада на крстосницата кај „Мавровка“