Утрински Весник
Македонија

Нова дива депонија на патот од Тетово кон Фалише

Нова дива депонија на патот од Тетово кон Фалише

Тетово, 11 јули 2019 (Утрински Весник) – Група граѓани кои имаат домови и фирми долж патот од Тетово кон Фалише реагираат дека се создава нова дива депонија. Поради складираниот смет на една оградена локација тие половина час го блокираа сообраќајот.

– Штетно е по здравје да имаш толку многу смет. Има многу погони и населба со нови куќи. Миризбата и чадот не дозволуваат нормално да се живее. Тука има над 10 погони со околу 200 лица кои работат, рекоа граѓаните.

– Да се отстрани сметот од овде итно, зошто е без наша согласност. Ние тука инвестираме многу пари, а од општината добиваме смет во соседството, рекоа стопанствениците.

Од јавното комунално претријатие Тетово соопштија дека ова место е за товарење како привремена мерка. Според нив нема да нема мирис таму бидејќи отпадот не се остава повеќе од 7 часа, по што се носи во депонијата Дрисла.

Огромните количини смет деновиве има и на претоварната станица на ЈКП Тетово што се наоѓа кон селото Требош. ас/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маричиќ: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа

Ковачевски разговараше со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД

Мицкоски: За само 3 дена од 5-ти до 7-ми декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра