Утрински Весник
Македонија

Николовски: Пропрционалниот изборен модел е постулат и од нашата изборна програма

Николовски: Пропрционалниот изборен модел е постулат и од нашата изборна програма

Скопје, 8 јуни 2019 (/) – Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропорционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, рече денеска министерот за земјоделство Љупчпо Николовски кој од неодамна е и новиот генерален секретар на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

-Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. Сакаме да ги вклучиме и граѓаните во носењето одлуки, напомена Николовски по доделувањето на решенијата за поддршка на руралниот развој во општините. мч/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран