Утрински Весник
Македонија

Низ скопските улици 50-тина возачи возеле брзо, а 18 биле без возачка дозвола

Низ скопските улици 50-тина возачи возеле брзо, а 18 биле без возачка дозвола

Скопје, 3 јули 2019 (Утрински Весник) – Четири лица се полесно повредени во четири сообраќајки од вкупно осум што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Според билтенот на СВР Скопје, побрзо од дозволената брзина возеле 51 возач, а под дејство на алкохол биле двајца возачи. Исклучени од сообраќај се и 18 возачи кои немале возачка дозвола, еден возач почетник, како и 18 нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 54 казни, а поради непрописно паркирање подигнати се 68 возила со специјалното возило „пајак“.

Дневниот билтен на скопската полиција покажува дека се евидентирани и 10 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и двајца возачи кои не носеле сигурносен појас. бак/са/ 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВРМО-ДПМНЕ: Не видовме план од Ковачевски, туку реакција на претходна понуда на Мицкоски

Министрите повеќе нема да можат да јадат лигњи и октопод, Ковачевски забрани морска храна

Пендаровски во посета на Прилеп во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“