Утрински Весник
Спорт

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

Нејмар се согласил на петгодишен договор со Барселона

Мадрид, 25 јуни 2019 (/) – Бразилецот Нејмар е близу до враќање во Барселона, објави „спорт.ес“. Според извештаите на шпанските медиуми 27-годишниот фудбалер е подготвен да се врати во каталонскиот клуб за пониска плата и на договор со времетраење од пет години.

Нејмар во Париз заработува 36,8 милиони евра за сезона. Во Барселона нудат 24 милиони евра.

Во сезоната 2018/19 Нејмар одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 гола и даде 13 асистенции.

Тој играше за Барселона од 2013 до 2017 година кога за рекордни 222 милиони евра отиде во Пари Сен-Жермен. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уште еден премиерлигаш добива американски газда

МЗТ Скопје преку ТФТ до петта титула од Суперкупот

Сестрата на Роналдо контра Португалците: Вие сте болни, бездушни, глупави и бескрајно неблагодарни