Утрински Весник
Спорт

Нејмар и Гризман се согласиле на помали плати само да одат во Барселона

Нејмар и Гризман се согласиле на помали плати само да одат во Барселона

Мадрид, 22 јуни 2019 (/) – Шпанскиот фудбалски шампион Барселона има намера да купи двајца напаѓачи во тековсниот трансфер прозорец. Според „Диарио спорт“, каталонскиот клуб сака да потпише со Антоан Гризман од Атлетико и со Нејмар од ПСЖ. Наводно, двајцата играчи се согласиле на помали плати само да се реализираат трансферите.

Каталонците за Гризман ќе треба да платат 120 милиони евра, додека трансферот на Нејмар е проценет на 100 милиони евра. Покрај тоа, Барселона сака да го вклучи Филипе Кутињо во договорот.

Минатата сезона Гризман настапи на 48 натпревари за Атлетико, постигна 21 гол и оствари 10 асистенции. Нејмар учествуваше на 28 средби за ПСЖ, реализира 23 пати и забележа две асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Флик останува германски селектор, мисијата ЕУРО 2024 на домашен терен

Во ПСЖ „нема место“ за Кристијано, но би го сакале Белингем

ФИФА ги казни Хрватите за навредите кон Борјан и Србите за косовското знаме во соблекувалната